15 Мај, 2024
0.0489

Дали роботите се конкуренција за луѓето кои бараат работа?

Објавено во: Стил 14 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во иднина роботите и машините на луѓето ќе им скратат милиони работни места.

Пазарот на трудот можно е да се соочи со радикални промени. Всушност, досега на сила беше нешто како природен закон: секој степен на автоматизација водеше о нови работни места. Пред 200 годиии, 70 проценти од Американците работеле на фарми, а сега со тоа се занимаваат едвај еден процент. Откако машините ја презеле работата на земјоделците, полските работници заминувале во фабрики каде се произведувале комбајни. Кога робитите стигнале и до производствените линии во фабриките, работниците се фатиле за поддршка на тие машини и тогаш се појавиле многу нови професии.

Автопилотите веќе можат самостојно да го преземат управувањето со авионот Болиг 787, и во следните децении тие ќе ја преземат работата на возачите на камиони и такси. Наскоро писма, пратки и пици ќе можат да бидат доставувани преку дронови, а додека синдикатите преговараат за минималната плата на хигиеничарите, некои компании веќе експериментираат со роботи за чистење на прозорци и тоалети. Роботите правосмукалки пак, веќе одамна се продаваат по пристапни цени.

Искористувањето на индустриски роботи е рентабилно не само во земји со традиционално високи плати. Исто и во Кина во последниве неколку децении милиони луѓе ја загубија работата во производството.