Дали судбината за проблемот со Приштина и Белград е во погрешни раце?
Објавено во: Балкан 30 Април, 2018
Според заменикот на косовскиот премиер, Фатмир Лимај, претседателот на Косово, Хашим Тачи не е добар преговарач. Тој истакна дека Тачи не знае доволно добро да ги води разговорите помеѓу Белград и Приштина.
Тој кажа дека Владата уште не знае кој ќе ги води разговорите, напиша „Газета Експрес“.
Исто така истакна дека неговата партија(Иницијативата за Косово) ќе има проблем доколку Тачи ги води разговорите и додаде дека е потребна согласност од повеќе истанци за да може да се дојде до најдобро решение за тоа кој ќе ги води разговорите за дијалогот Белград-Приштина.
Инаку, дијалогот помеѓу Белград и Приштина кој започна во 2013 со помош на ЕУ сѐ уште нема доживеано некаков напредок.