Добивај вести на Viber
Додека илјадници луѓе живеат во мизерија во бегалските кампови во Грција, лидерите на ЕУ и Турција се договорија за решавање на кризата.
Договорот е за секој емигрант кој влегол илегално и е вратен од ЕУ, Турција да испрати по еден Сириец. За решението ставовите се поделени, а некои сметаат дека ќе се создаде хаос.
"Ќе се создадат проблеми. Замислете овие луѓе доаѓаат од Турција и сите сакаат да останат. Што ќе прави Европа со нив? Со други обичаи, со други традиции, други култури. Пак ќе треба да се усогласат со нив. Некои бегаат од војна, но некои од бегалците сакаат да живеат подобро. Продаваат куќи, станови, што имаат“- вели новинарот Мохамед Халаф.
Тој изнесе податоци од меѓународно новинарско истражување, спроведено во 6 земји, според кое 90% од емигрантите западнале во шверцерски мрежи кои се претворени во бизнис со бегалци.
Во неа учествуваат 18-20 големи фирми, кои изнајмиле бродови кои собираат 800-1000 луѓе. Тие земаат од емигрантите од 7000 до 10 000 долари и заработуваат огромни суми пари од оваа работа. Мрежата на шверцерите започнува од Сирија, но опфаќа различни земји, меѓу кои Турција, Италија и Романија.