05 Декември, 2021
0.0280

Дали вашите податоци се безбедни на вашиот паметен уред?

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2021

Безбедноста на податоците за корисниците е во срцето на развојот на безбедносните системи

Секојдневно се потпираме на дигиталниот свет, тој влезе во многу сфери од нашиот живот, стана наша важна поддршка. Од друга страна, тој пренесе информации од хартија во електронска форма и тие сега станаа цел на хакери и сајбер-криминалци. Како резултат на тоасе интензивира развојот на нови технологии за заштита на корисниците на уредот и нивните важни податоци и информации. Ваквите технологии мора секогаш да бидат чекор понапред од опасноста.

Употребата на мобилни уреди воопшто забележа голем „скок“ најмногу поради технолошкиот развој и дигитализацијата но делумно и поради пандемијата. Употребата на мобилни телефони за време на пандемијата се зголеми за 70%, здравствените услуги обезбедени по телефон се зголемија за 500%, а забележан е и скок од 50%на реализирани  платежни трансакции преку мобилен. Бидејќи сите овие активности подразбираат внесување на лични податоци по сопствен избор на различни платформи, кои потенцијално може да се злоупотребат, заканата од сајбер напади низ светот постојано расте, така што веќе не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога ќе биде.

Заштитата и безбедноста немаат компромис

Бидејќи безбедноста на клиентите секогаш е на прво место, Samsung проактивно работи на постојана иновација и унапредување на безбедносните системи. На овој начин, се гради однос на доверба, но пред се, на корисниците им се нуди соодветна заштита на податоците кога користат мобилни уреди и омилени апликации.

Во соработка со многу партнери, Samsung постојано го подобрува моќниот безбедносен систем што го користи со разни софтвери на своите уреди и сите нивни делови, од чипот до оперативниот систем.

Голем чекор во оваа област направи компанијата Google, која во 2018 година ја обнови својата политика за приватност и воведе за корисниците поедноставна контрола на податоците поврзани со сметките на Google. Со безбедносниот чип Google Titan M, безбедноста на мобилните уреди е подигната на повисоко ниво, а Android стана оперативен систем дизајниран за безбедност на корисниците. Google, исто така, обезбедува дополнителна безбедност преку подобрена заштита на апликациите во рамките на Google Play Store, преку која на корисниците на мобилните уреди на Samsung им се гарантира сигурност, избегнувајќи ги потенцијалните опасности.

Сигурност на податоците во секој момент

Најдобра демонстрација на напорите на Samsung кога станува збор за безбедноста на корисниците е платформата Samsung Knox, создадена во 2013 година,  која постојано се подобрува. Првично, платформата беше решение за безбедноста на компанијата, и со текот на времето „еволуираше“ во холистичка безбедносна платформа, која денес има многу пофалби и сертификати потврдувајќи ја нејзината улога во областа на заштитата што Samsung им ја нуди на своите клиенти. Најголемата предност на оваа платформа е заштитата што работи во реално време, што е повеќе од потребно денес. Податоците постојано течат низ нашите уреди и хакерите се секогаш подготвени да нападнат, сепак, Samsung Knox никогаш не спие и затоа вашите податоци се безбедни секогаш и во секое време.

Признанијата го потврдуваат квалитетот и функционалноста

Дека Samsung Knox е подобра во категоријата безбедност од која било друга активна платформа, потврдува и наградата што ја доби во 2020 година на Global Mobile (GLOMO) Awards. Платформата Knox доби оценка 27, од вкупно 30, на Gartner’s May; награда GLOMO 2020 за најдобра иновација во мобилната индустрија;оцена 6+, како највисок резултат досега за Evaluation Assurance Level и оцена5+ за безбедносен процесор и Knox Vault, што ја прави оваа платформа многу сигурна кога станува збор за безбедноста и заштитата на податоците на своите корисници.

Компанијта Samsung е во континуиран процес на иновации во сите области на својот бизнис, вклучително и безбедноста. Во согласност со тоа, компанијата разви и софтвер кој дополнително ги штити веќе добро заштитените податоци и ги класифицира во специјални бази на податоци. Соодветно на тоа, Samsung Pay ги криптира податоците за плаќањата и ги чува во посебен трезор; Samsung Health ги изолира личните, здравствени податоци;со помош на Digital Key телефонот може да го отклучи автомобилот, а Intelligent Wi-Fi  ги анализира моделите на сообраќај во мрежата и предупредува за ризик, кој може да се активира и деактивира во поставките за Wi-Fi во секое време.

Без разлика дали користиме мобилен телефон за приватни или деловни цели, јасно е дека тие се дел од нашиот секојдневен живот. Покрај тоа што содржат голема количина на лични податоци, информациите што ги споделуваме со други корисници со кои сме поврзани остануваат засекогаш снимени во виртуелниот простор. Поради оваа причина, важно е да бидете сигурни во услугите што ги користите, а Samsung, како одговорна компанија, се стреми кон оптимизација и постојано напредување на технологијата што ќе им обезбеди на клиенти максимална поддршка и заштита.

ПР-објава


Можеби ќе ве интересира

ЗАСАДЕН Е ВТОРИОТ „ПЕНЗИСКИ ПАРК“ ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ОХРИД

ЗАСАДЕН Е ВТОРИОТ „ПЕНЗИСКИ ПАРК“ ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ОХРИД

Зоран Спасов Ѕоф ќе ја промовира новата книга „Торонто експрес“ во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“

Зоран Спасов Ѕоф ќе ја промовира новата книга „Торонто експрес“ во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“

Новата серија гејмерски монитори HUAWEI MateView GT веќе e достапна на македонскиот пазар

Новата серија гејмерски монитори HUAWEI MateView GT веќе e достапна на македонскиот пазар

Еднодневна изложба на илустрации во Гевгелија

Еднодневна изложба на илустрации во Гевгелија

Започна со 4 вработени, а денес е најголем брокер на пазарот на осигурување – СН Осигурителен Брокер овој декември одбележува 7 години постоење

Започна со 4 вработени, а денес е најголем брокер на пазарот на осигурување – СН Осигурителен Брокер овој декември одбележува 7 години постоење

А1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега

А1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега

Moџо Килингтон: „Уништување“ е роман за потрагата по себе и пропаѓањето на соништата што сме ги имале

Moџо Килингтон: „Уништување“ е роман за потрагата по себе и пропаѓањето на соништата што сме ги имале

Четврто коло во наградната игра ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ

Четврто коло во наградната игра ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ

Прва фабрика во Македонија за производство на сончогледово масло со традиција од 1923 година

Прва фабрика во Македонија за производство на сончогледово масло со традиција од 1923 година