ДАЛИ ВИЕ СТЕ ЗА ИЛИ ПРОТИВ: Европската комисија ќе предложи да има само летно сметање на времето
Објавено во: Свет 01 Септември, 2018
Европската комисија ќе им предложи на земјите-членки на ЕУ да ја укинат смената на времето од летно во зимско и обратно и да се насочат целосно на летно сметање на времето.
Ова го најави претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер во интервју за германското издание ЗДФ. Тој ги наведува резултатите од анкетата со која ЕК ги праша граѓаните на земјите-членки за оваа тема. Околу 80% од учесниците побарале поместувањето на стрелките на часовникот да биде прекинато.
„“Откако огромното мнозинство од граѓаните на Унијата изјавија дека сакаат да биде укината смената меѓу зимското и летно време, тоа ќе биде направено“, рече Јункер. “Луѓето го сакаат тоа, ние ќе го направиме тоа“, додаде тој.
Јункер објасни дека официјалниот предлог до Советот на ЕУ ќе биде објавен подоцна денеска. Тој, сепак, е сигурен дека тоа ќе биде прифатено и на крајот земјите членки ќе прекинат со зимското сметање на времето.