06 Мај, 2024
0.0285

Дали Заев и Ахмети ќе се смират - Или заеднички на претседателски или распад на коалиција

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

СДСМ доцна вечерта одржа партиски состанок на кој ја разгледуваше опцијата за консензуален кандидат кој би бил поддржан од поширока коалиција вклучувајќи ја и ДУИ, но и за најновите настани во Собранието откако Талат Џафери ја прекине седницата за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.

Според лидерот на владејачката партија засега не е возможно парламентарно мнозинство без десет пратеници на ДУИ и дека мора да се разговара за настанатите грешки.

Заев направи обид и да ги амортизира силните изјави на сопартиецот Зеќири кој упати тешки обвиненија на адреса на пратениците на ДУИ и собранискиот спикер Џафери, па дури и истакна дека е возможна нова владина коалиција.

-Имаме коалиција од 58 пратеници. Ако ги одземете десетте пратеници на ДУИ, имаме 58, значи немаме 61. Така да, тоа не е баш така едноставно, затоа сериозните политички субјекти сериозно пристапуваат на сите проблеми. Прво ги наоѓаат причините, второ ги дават одговорите пред јавноста и трето даваат заклучоци кои што би значеле ако се направени некои грешки, како да не се повторат тие грешки. Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири е сериозна функција во партијата, а секако и во државата преку пратеничкиот мандат. Вредно е да се разгледаат сите аргументи и од Зеќири, како и од сите други пратеници, да ги слушнеме и нашите партнери ДУИ за да можеме на крајот да донесеме заклучоци - кажа Заев.

Спуштање на топката направи и лидерот на ДУИ Ахмети кој пак, уверува дека нема раздор во владината коалиција. Политичките аналитичари и активисти вината за "спасот" на Вељаноски ја префрлија во рацете на интегративците и сметаат дека се "распламнтила" старата политичка романса меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Не постои судир меѓу коалиционите партии, може да постојат разлики во некои точки кои не го нарушуваат интегритетот или моралот на ниту една од страните, но нема судири. Земјата има потреба од поголем интегритет и дијалогот меѓу страните, како на оние што се на власт така и на оние кои се во опозиција. Не може да биде исклучена од овие процеси ниту опозицијата. Претседателот на Собранието е познат како најголем институционалист во земјата, човекот кој го почитува деловникот на Собранието и воопшто нема простор за инсталирање конспирации. Нема теориии на заговор,изјави Ахмети.

Политичарот кој речиси 20 години со мали прекини е дел од власта, смета дека е возможно да се постигне и конечен договор за заеднички кандидат прифатлив за сите партнери.

„Утре ќе оствариме средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да му се даде правец и на овој проблем, не помалку важен за земјата. Утре ќе разговараме долго и широко и за ова, и сигурен сум дека ќе најдеме решение“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Додека траеше драмата во Собранието, како и препукувањата меѓу коалиционите владини партнери, опозицијата остана мирна на страна и не се вмеша премногу, освен што одби да учествува во процесот "Жан Моне" за јакнење на пратеничкиот меѓу дијалог. Сега, за новиот развој на настаните прокоментира Антонио Милошоски кој смета дека е возможна "Селотејп" коалиција во која клучна улога ќе имаат осумтемина исклучени пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени.

-Актуелната СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА е составена од актери кои имаат големи програмски разлики, но ги држеше заедно проектот за редефинирање на Уставот како обврска која заеднички ја превзеле за да дојдат до власта, пишува Милошоски и додава:

-И сега откако го завршија проектот редефинирање на Уставот, а не постои заеднички концепт за реформи и напредок на државата, борбата за превласт во власта почна да го кине селотејпот на владината коалицијата. Затоа сме сведоци на сегашниот коалициски курцшлус во владата, кој воопшто не е заради принципите за “селективна правда, мир и законитост” против политичарите од опозицијата, туку е резултат на борбата внатре во власта кој подолго ќе опстане на власт, и кој поитро ќе го исфрли “ближниот” свој надвор од привилегиите на власта. Затоа воопшто не зачудуваат изјавите на претставниците на СДСМ дека размислуваат и за коалициона влада без ДУИ, веројатно според следнава математика:

"СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64 (со можност да се разговара и со Мендух Тачи за 2 пратеници на ДПА)" стои во коментарот на Милошоски.

Инаку и судот веќе формално е известен од Собранието дека не се исполнети условите за одземање на имунитетот на пратеникот Вељаноски кој е предмет на интерес на јавното обвинителство поврзан со крвавите настани на 27 април 2017 година.

Расчистување со овој случај и процесирање на сите нарачатели, организатори и насилници, како и спроведување на правдата преку СЈО и некаков продолжен статус со ново законско решение, бескомпромисна борба со високата корупција и вистински реформи може да го спасат политичкиот легитимитет на актуелната владејачка коалиција.

Со оглед на тоа што се ближат претседателските избори, но и следните парламентарни кога и да се одржат Заев мора да направи пресек на вредности за кои ќе се залага за кои всушност и доби голема општествена поддршка, наместо да мисли за тесни партиски интереси или спасување на нечии политички кариера кои го поткопуваат целиот систем и ја зголемуваат недовербата.


Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев