Даваат плати од 1000 евра, но нема кој да работи
Објавено во: Финансии 05 Септември, 2018
Во Србија се нудат 1000 евра месечно за градежниците, но никој не сака да работи.
Повеќето од нив заминуваат во странство каде има подобри услови за работа.
Само Словачка во Србија бара 2000 градежници, Германија има потреба од 380.000 градежници официјално или 1.200.000 неофицијално.
Тесар во Белград може да заработи 900 евра, кранист 1000 евра, а армирач и нешто повеќе ако се суди по огласите.
Од синдикатот велат дека тоа се и реални суми.
„Платата ми е добар, но условите за живот не се добри. Јас заработувам 1000 евра, а жена ми не работи. Во Германија би земал 2500 до 3000 евра“ - вели Ѓорѓе од Нови Сад.
Но, има и такви кои сметаат дека работа за овие струки има, инвестиции има, ама положбата на работникот не се подобрила многу.
И додека Србите одат во Германија, Австрија, Словачка, во Србија работат Македонци и Албанци.