Давутоглу: Турција е отворена за дијалог со Русија, но нема да се извиниме!
Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2015
„Турција жали за инцидентот со рускиот „Су-24“ и е отворена за секаков дијалог со Руската Федерација“, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу на средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Ние жалиме за инцидентот со рускиот авион, но како што рековме претходно имаме право да си ги заштитиме нашите граници. Нема потреба да не обвинуваат дека сме го заштитиле воздушниот простор“, изјавил турскиот премиер.
Тој додаде дека неговата земја е отворена за дијалог со Русија.
Давутоглу истакнал дека Турција нема намера да одговори на ограничувањата наметнати од Москва по инцидентот со соборувањето на бомбардерот.
„Турција, како и Русија, секогаш беше против едностраните санкции, со што се виде од нашата позиција за Украина. За тоа сме разочарани од Русија која го смени правецот. Немаме намера да одговараме со санкции против рускиот народ. Се надеваме дека руските граѓани ќе продолжат да доаѓаат како туристи во Турција, каде што тие се чувствуваат како дома“, додал Давутоглу.
Тој, сепак, потврди дека Анкара нема да се извини за соборувањето иако е повикана од руската страна.