06 Мај, 2024
0.1736

Дебата: ОЈО не презема ништо за говорот на омраза од политичарите и новинарите

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Законски измени во постојната регулатива во насока на попрецизно дефинирање на говорот на омраза, развивање конзистентен систем на превенција и репресија на делата на говорот на омраза, вклучувајќи и примена на практиката на Европскиот суд за човекови права од страна на правосудните органи, како и итни измени во медиумската регулатива за воведување санкции поради говор на омраза и поттикнување насилство преку аудиовизуелните програми, што регулаторот би ги процесуирал во прекршочна постапка, се само дел од препораките од анализата на МИМ „Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза“ од авторот д-р Ненад Живановски.

Анализата беше претставена на дебатата „Како до ефикасно справување со говорот на омраза“, на која со свои излагања учествуваа и претставници на граѓанското општество од Македонија и Словенија, како и претставници од адвокатската фела.

Адвокатот Лазар Сандев, смета дека Јавното обвинителство е неактивно и не покренува иницијативи во насока на заштита на јавниот интерес, во случаи кога се употребува говор на омраза. Тој посочи дека новинарите и политичарите шират говор на омраза, и предупреди дека тоа ќе се случува се додека јавното обвинителство не почне да презема соодветни чекори. Сандев ја поддржува идејата за промена на домашното законодавство и упати да се користи праксата што произлегува од Европскиот Суд за човекови права, бидејќи во Македонија отсуствува судска пракса во оваа област.

Елена Брмбеска од Хелсиншкиот комитет за човекови права посочи дека според нивното искуство етничката, политичката и сексуалната ориентација и родовиот идентитет се доминантните основи за појава на говорот на омраза. „Хелсиншкиот комитет редовно се обраќа до Јавното обвинителство, но резултатите се поразителни. Во 2016 година немало ниту една постапка, а во Основниот суд се води само еден случај, кој се уште нема разрешница...“, објаснува Брмбевска. Таа потенцираше дека се соочуваат со сериозни проблеми да закажат состаноци со Јавното обвинителство и изрази сомневање дека или не го препознаваат говорот на омраза или не ја препознаваат границата каде завршува слободата на изразување, а каде почнува говорот на омраза.

Бранкица Петковиќ од Мировниот Институт од Љубљана, истакна дека и во Словенија законодавството е порестриктивно од самиот Устав, а Јавното обвинителство, исто така, не е многу проактивно, иако процесуира повеќе случаи отколку во Македонија. Сепак, таа посочи дека е потребно да се смени свеста, а граѓанското општество треба проактивно да демонстрира дека ниту еден напад нема да помине неказнет. „Меѓутоа мора да има симбиоза со медиумите. На говорот на омраза, треба да му се спротивставиме со повеќе говор дека тој е неприфатлив“, заклучи Петковиќ.

Дебатата се организираше во рамки на проектот „#ReForMediaMKD – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество,институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведува МИМ во соработка со Мировниот институт од Љубљана, Словенија, а со финансиска поддршка од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев