01 Мај, 2024
0.0295

Деца џихадисти - Нова закана за Европа

Објавено во: Свет 22 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Додека во фокусот е терористичкиот напад со камион во Берлин германската полиција открива дека досега биле спречени неколку деца и тинејџери кои биле радикализирани и спремни да извршат или самоубиствени напади или пак со оружје да извршат масакри во Франкфурт и други градови низ Германија. 

Најмладиот приведен џихадист има само 12 години, ова дете е бегалец од Ирак, а откако пристигнал бил радикализиран од страна на џихадистички проповедници. Детето подготвувало домашна бомба полна со клинци со цел да нанесе голема штета при детонацијата во област каде има големо присуство на минувачи, но планот навремено бил откриен. 

Според податоци на германските служби само во изминатата година се регистрирани околу 350 случаи на радикализација на малолетници кои или се обидуваат да побегнат во Сирија за да се приклучат на Исламска Држава или пак прават планови да дојдат до оружје и да вршат напади во Германија. 

Проблемот со малолетниците е што многу потешко се детектираат, тие може да пројдат во било кој објект и да не предизвикаат сомнежи, а претставуваат и огромна опасност за училиштата каде имаат настава бидејќи таму ретко има обезбедување или вооружени чувари. Токму затоа безбедносните служби сметаат дека децата џихадисти се новата терористичка закана за Европа и се плашат кога ќе дојде денот кога еден ваков напад ќе се случи. 


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа