Децата на Бил Гејтс дури на 14 години добиле телефони
Објавено во: Свет 09 Мај, 2017
Еден од најголемите тегнолошки гиганти и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс вели дека неговите деца до 14 години немале мобилен телефон.
„Во нашата куќа мобилните телефони не се користат во текот на оброкот, а децата своите први телефони ги добија на 14 години, иако пред тоа се жалеа дека многу нивни пријатели веќе долго имаат“- изјавил Гејтс.
Гејтс одговорил дека според нивните домашни правила, се знае времето после кое е забрането да се користат било какви екрани (ТВ, компјутер, телефон) и во нивниот случај, тоа им помагало да одат на спиење на време.