30 Април, 2024
0.0722

Децата на вработените во ЕВН поминаа еден ден работно кај своите родители

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија еднаш во годината ги отвора вратите за децата на своите вработени. Првиот работен ден по завршувањето на школската година, околу 200 деца пристигнаа на работните места на своите родители. Цели 8 часа минaa во просториите каде што нивните родители работат и заедно со другите деца се дружеа, едуцираа, правеа експерименти, се забавуваа.

Едукативната програма „Со децата на работа“ во која учествуваа децата на вработените од сите оддели и Кориснички енерго центри во земјава се одвиваше на повеќе локации, во централните оддели и во неколку корисничките енерго центри на ЕВН. На централниот настан во Скопје, програмата ја промовираше претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер.

„Овој настан се организира по втор пат. Првиот настан беше -Со ќерките на работа. Бидејќи нашата компанија дава важност на еднаквиот  третман, оваа година го организиравме настанот -Со децата на работа. Целта е децата да добијат идеја за тоа што работат нивните родители, да разберат како тече еден работен ден и колку за тоа треба има одговорност. За нас како возрасни, е многу важно да се потрудиме да не заборавиме на ентузијазмот и уживањето што сме го имале како деца и истото да го примениме и на работа,“ изјави г-дин Штефан Петер, Претседател  на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Децата беа поделени според 3 возрасни групи и учествуваа во практични експерименти за создавање електрична енергија. Тие произведуваа електрична енергија од  лимони, бакарни парички и изработуваа ветерници од пластични чашки и цевки. Работниот ден учесниците од другите градови од Македонија го завршија со заедничко дружење со родителите, а во Скопје имаа можност да го посетат и изложбениот центар на ЕВН Македонија на Матка.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор