03 Мај, 2024
0.0270

Дедај: Морина е задоволен од третманот во Македонија

Објавено во: Македонија 06 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерг Дедај, оствари средба со поранешниот припадник на ОВК, по што се огласи на социјалната мрежа Фејсбук дека осомничениот за злосторства над цивили, за кого Србија преку Интерпол бара екстрадиција, се пофалил дека бил задоволен од начинот на кој е третиран од институциите.

Пишува дека Морина е во добра состојба, смирен и самоуверен и тврди дека се чувствува невин. Дедај им се заблагодари на институциите за правилното постапување и додаде дека правдата е на страната на Морина и очекува тој многу брзо да се врати кај семејството во Косово.

„Им се заблагодаруваме на институциите на Република Северна Македонија, Управата на притворот Шутка во Скопје, за нивниот фер и пријателски третман, што ни ја овозможи нашата посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, претходно приведен од македонските власти. Томор беше многу смирен, се чувствуваше целосно невин, достоинствен и оптимист, чекајќи ослободување, бидејќи правдата е на негова страна и очекуваме многу брзо, тој да се врати кај семејството и во Косово! “ напиша амбасадорот Дедај.

Покрај амбасадорот Дедај, Морина претходно го посетија двајца дипломати вработени во амбасадата на Косово. Вицепремиерот Бујар Османи и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу не можеа да добијат дозвола за посета на Морина.

Инаку, вчера Министерството за правда го испрати до Кривичниот суд барањето на Србија за екстрадиција на Морина. Покрај барањето, адвокатот на Морина, Насер Рауфи,откри дека тој поднел барање за ослободување во текот на денот.


Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи