Дел од оружјето при нападите во Париз било од поранешна Југославија
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2015
Дел од оружјето коe го користеле терористите од „Исламската држава“ во крвавите напади во Париз, било произведенo од „Застава“ пред распадот на поранешна Југославија во 90-тите години, изјавил директорот на фабриката во Крагуевац, Милојко Брајкович, цитиран од американските медиуми.
Два дена по нападите на 13 ноември, во кои загинаа 130 лица, до српското МВР билe пратенi сериски броеви на оружјата, откриени во Париз за време на нападот и по неgo. „Мислам дека имаше 7 или 8, сите на калашникови“, изјавил Брајкович. Пред распадот на поранешна Југославија во 90-те, сите шест поранешни југословенски републики се снабдувале со оружје, произведено во фабриката „Застава“, вклучувајќи ја и модифицираната верзија на советскиот „АК-47“, позната како „калашников“.
„Оружјето може да било препродадено од која и да е од страните по распадот на земјата. Таквите автоматски пушки биле испраќани во Словенија, Босна и Македонија за потребите на Југословенската народна армија. Во моментов во Србија ниту едно оружје не може да биде доставено без согласност на државата“, изјави Брајкович.
По завршувањето на војните на Балканот имало бум на нелегална трговија со оружје, забележуваат агенциите. Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ изјавил денеска дека во Србија е започната истрага за да се утврди дали сѐуште се извезува или шверцува оружје од регионот.
Само неколку дена пред нападите во Париз српската полиција соопштила дека разбила голема мрежа за шверц на оружје, која имала намера да достави оружје во Франција. Четири лица беа уапсени.