Демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат од кога недолжните граѓани се терористи
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2017
Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда вечерва протестираат за поддршка на притворените за насилствата во Собранието од 27.април.
Пратеникот Антонио Милошоски апелираше до Обвинителството и Министерството за правда да размислат и да не прават поделби помеѓу луѓето. Тој смета дека неоправдано се приведени пратениците.
„Владо Јовановски сега е Риато Шишков. Единственото лошо што го направил е што ја пеел химната. Како е Игор Дурловски терорист? Според оваа марионетска власт тој е терорист само затоа што си ја сака својата земја”- рече тој.
Милошоски рече дека оваа власт не може да испорача резултати и прави работи кои се на штета на граѓаните.
Демонстрантите го нарекоа Министерството за неправда. Според нив ова е хајка.
На протестот дојде и лидерот на партијата, Никола Груевски.