Дендиас денеска во Скопје, ќе се сретне и со грчки бизнисмени
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2019
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска ќе пристигне во Скопје, а во Македонија ќе се сретне и со грчки бизнисмени активни во нашата земја.
Дендијас ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, а ќе оствари разговори со неговиот колега Никола Димитров.
Според изјавата на грчкото МНР, Константинос Фрагојанис, алтернативниот министер за надворешни работи, ќе го придружува Дендиас во Скопје.
Билатералните односи, европската перспектива на Македонија и прашањата од заеднички регионален интерес се очекува да бидат дел од главните теми кои ќе се постават на средбите.Ова е прва посета на Дендиас на Скопје и досега највисок политички претставник од Владата на Киријакос Мицотакис кој ја посетил земјата по формирањето на грчката влада.