Дендиас за Преспанскиот договор: Нема да толерираме феномени на нецелосна усогласеност
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019
Никос Денедиас, новиот министер за надворешни работи на Грција, во својот говор во грчкиот парламент претставувајќи ги приоритетите на грчката дипломатија, во освртот за Преспанскиот договор рече дека „нема да има толеранција кон феномени на нецелосна усогласеност со Скопје“.
-Нашата позиција е позната, ја изразивме и како опозиција. Договорот требаше да се заврши на покорисен начин за нашите национални интереси. Нашата цел е да сториме сé што е можно за да се намалат негативните последици. Ќе се стремиме кон продлабочување на односите со нашиот северен сосед во рамките на взаемно корисна соработка. Но, нема да толерираме феномени на нецелосна усогласеност, порача Дендиас.
Тој пред пратениците ги претстави позициите на новата влада во надворешната политика и посебно се осврна на сите теми, меѓу кои и Договорот од Преспа и односите со Северна Македонија.