30 Април, 2024
0.0251

Денес е СВЕТЛА СРЕДА: Старите велат дека вечерва треба да се гледа во небо

Објавено во: Стил 15 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Денешниот ден меѓу народот е познат како светла среда. Постарите луѓе кажуваат дека ноќеска треба да се гледа во небото. Ако е ведро и ѕвездено, годината ќе биде родна. Ако има облаци, не чека година на сиромаштја и несреќа.

На небото посебно се бараат ѕвезди кои паѓаат. Се верува дека оној кој прв ќе здогледа една, ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се поврзува и со мртвите.

Ако во семејството некој неодамна ви починал, ноќеска треба да погледнете во небото.Велат дека денес после полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.

Денешната среда  уште се нарекува и „гарава среда“, а името настанало по еден стар обичај кој во некои краеви се одржувал се до пред Втората светска војна.

Имено, на денешен ден низ населбата би се движела поворка во која исклучиво биле неоженети мажи до триесетите години. Тие низ местото би оделе со придружба на свирачи и со себе би влекле трупец.

Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смислата на бракот, а оние кои уште не го засновале на овој начин, јавно, биле „повикувани“ да го сторат тоа и да се оженат.