Денес ново задолжување на Владата, утре раздолжување
Објавено во: Економија 02 Февруари, 2016 10:29
За 813 илјади евра денеска државата ќе се задолжи кај домашните кредитори, а веќе утре истата сума треба да биде раздолжена.
Во текот на последните две аукции Владата зема повеќе пари отколку што требаше да врати на сумата што доспеваше за раздолжување, па се поставува прашањето дали истата постапка надлежното министерство ќе ја направи и овој пат.
Според објавените податоци, планирани се аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60%. И на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70% а другата со 3,90%.
Притисокот на домашниот пазар расте, а опозицијата и експертите постојано предупредуваат дека а во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.
Изминативе неколку аукции може да се забележи дека Министерството за финансии ги зголеми каматните стапки за државните хартии од вредност, што економистите го толкуваат како обид да се соберат што е можно повеќе пари од домашните кредитори.
Можеби ќе ве интересира
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?




