06 Мај, 2024
0.0249

Денес започнува фудбалскиот планетарен собир: Ќар или загуба за Русија

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска започнува Светското фудбаско првенство во Русија, а дали земјата-домаќин на Мундијалот ќе ја искористи организацијата и ќе постигне финансискиот успех зависи од  бројни фактори.

На една недела пред турнирот биле продадени повеќе од 2,4 милиони билети. Топ-10 земји во однос на бројот на купени билети се:

1. Русија - 871 797

2. САД - 88.825

3. Бразил - 72.512

4. Колумбија - 65.234

5. Германија - 62.541

6. Мексико - 60.302

7. Аргентина - 54,031

8. Перу - 43,583

9. Кина - 40.251

10. Австралија - 36.359

Вреди да се забележи второто место на Американците: тие се засега двојно помалку отколку на шампионатот во Бразил 2014, но сепак многу. Кинезите се на осмото место, а нивната репрезентација нема да учествува. Во првите 10 од другите земји од Европа се наоѓаат само Германците, а таму не се Англичаните, најверојатно затоа што се засилени политичките тензии помеѓу Англија и Русија, но и поради медиумската кампања и наметнатиот страв од руските хулигани. Само скромни 32.362 билети засега купиле Англичаните.

Во Русија, се очекува до 1,5 милиони фанови од странство. На почетокот на јуни 2018 година апликација за Fan ID (документ со кој се дава право на безвизен влез во Русија за време на Светското првенство ) поднесоа околу 600 000 странци. 1,6 милијарди евра е сумата што тие ќе ја потрошат за да гледаат фудбал и да ја доживеат Русија.

Според пресметките на американските компании, 3.000 до 4.000 долари од парите од секој аранжман што ќе ги потроши гостинот од САД на Светското првенство ќе останат за Русија. 

Руската влада го проценува позитивниот економски ефект на Светското првенство на 11.765.051.280 евра.

Аркадиј Дворкович на презентацијата на студијата "Проценка на влијанието на Светското првенство во фудбал за економската и социјалната сфера", изјави дека на Светското првенство ќе им даде на руската економија околу еден процент од годишниот БДП.

Извршниот директор на Организацискиот комитет "Русија 2018" Алексеј Сорокин истакна дека економскиот ефект на Светското првенство 2018 година е проценет по пат на меѓународната методологија, која беше користена на Светското првенство 2006 во Германија и на Летните олимписки игри 2012 во Лондон. 

Овој планетарен собир ќе биде најскап до сега и ќе чини најмногу - 9.268.000.000 евра.

За време на подготовките за Светското првенство во Русија беа реконструирани и модернизирани 20 железнички станици, должината на изградени и поправени патишта е 178 километри, а пропусниот капацитет на аеродромите во градовите што ги одржуваат турнирските натпревари порасна за десетици или дури стотици проценти.

Во Русија, учеството на трошоците за спортска инфраструктура (стадиони) во вкупните трошоци за подготовка на Светското првенство е 39 проценти, додека за транспорт и друга инфраструктура 44 проценти (17 проценти - оперативни трошоци).

Како што покажува практиката, за време на големи спортски турнири зголемување има на приходите од продажба на алкохолни и безалкохолни пијалоци, брза храна и друга готова храна, закуски и сувенири. Покрај тоа, прометот во хотелскиот бизнис и јавното угостителство остро се зголемува.

Друг позитивен економски резултат е растот на вработеноста и приходите од трудот на населението. Како што е наведено во студијата, аранжманите за подготовка и одржување на Светското првенство во 2018 година ќе создадат до 220.000 нови работни места. 

Интензивирањето на градежништвото, малиот бизнис, создавањето нови работни места доведе до зголемување на даночните приходи во федералните и регионалните буџети за две милијарди евра.

Позитивниот економски ефект на Светското првенство ќе се почувствува и на долг рок. Само во следните пет години ќе и донесе на руската економија дополнителни 2,5 милијарди евра.

Прво, поради активирањето на туризмот, мундијалот ќе послужи како одличен оглас за руски градови, за кои малкумина слушнале во странство. 

"Мислам дека туризмот ќе расте со стапка што се мери со двоцифрена цифра: можеби дванаесет, а можеби и дваесет проценти годишно", рече Аркадиј Дворковиќ. “ Заедно со потребата за одржување на изградените објекти, ова ќе создаде 160-240 илјади нови работни места и ќе обезбеди до 38 милијарди рубли во дополнителни приходи во буџетите на сите нивоа“

Конечниот економски ефект на Светското првенство зависи од ефективноста на користењето на изградените објекти (стадиони) и нивно успешно менаџирање.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години