Денешното задолжување откажано-Што е причината?
Објавено во: Економија 02 Февруари, 2016 14:37
Денешната аукција на државни записи на која државата требаше да побара 813 илјади евра од домашните кредитори е откажана.
Проспектите од страната на Министерството за финансии мистериозно ги снема.
Според објавените податоци, планирани се аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60%. И на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70% а другата со 3,90%.
Вчера дополнителниот заменик министер Кире Наумов најави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен, со која ќе го оспори одржувањето на аукцијата поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии Зоран Ставревски.
Притисокот на домашниот пазар расте, а опозицијата и експертите постојано предупредуваат дека а во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.
Изминативе неколку аукции може да се забележи дека Министерството за финансии ги зголеми каматните стапки за државните хартии од вредност, што економистите го толкуваат како обид да се соберат што е можно повеќе пари од домашните кредитори.
Можеби ќе ве интересира
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?




