17 Мај, 2024
0.0568

Денеска е Меѓународниот ден на среќата

Објавено во: Стил 20 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Среќата е составена од секојдневни ситници на кои често пати не посветувате многу големо внимание. Но, ако сакате да бидете генерално посреќна личност, не ви е потребно многу.

Токму затоа, почесто применувајте ги овие трикови кои нема да ви ја симнат насмевката од лицето.

1. Прифатете се себеси - Низа истражувања укажуваат на тоа дека среќните луѓе го сакаат она што можат да го добијат и не тежнеат кон невозможни работи. Така најлесно ги избегнуваат разочарувањата.

2. Живејте во сегашноста - Не жалете за она што било, не успеало или било само лош избор. Но, не претерувајте ниту со фантазирањето и не ја идеализирајте иднината. Живејте сега, најдобро што знаете и можете.

3. Насочете ги мислите во позитивен правец - Среќните личности се вечни оптимисти. Кога победуваат се посреќни, но кога губат се помудри, не поразени.

4. Уживајте во она што го правите - Ова е најдобриот рецепт за среќа кој можете да го примените. Никогаш не правете нешто заради пари, слава или моќ.

5. Престанете да се грижите - Не ги прифаќајте работите премногу сериозно. Среќните луѓе не се грижат, затоа што се свесни дека 90% од класичните, секојдневни грижи никогаш не се остваруваат.