06 Јануари, 2025
0.0262

Рокот истекува: Денеска лидерска средба?

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев минатата недела од Њујорк изјави дека не ја исклучува можноста денеска повторно да седнат на заедничка маса со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за да разговараат за законот за јавно обвинителство.Заев додаде дека би било добро да се најде решение за овој закон до 15 октомври.

– Се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција. Како секаде во регионот, така и во нашата земја има потреба од таква работа, каде што на предлог на опозицијата би се предложил обвинителот. Верувам дека и тука ќе продолжиме да разговараме. – изјавил премиерот за „VOA“.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски начелно не отфрли разговор, но како што претходно најави нема да отстапат од своите барања за избор на Обвинител кој темелно ќе ги испита сите случаи на корупција без разлика кога се сторени, вклучително и последниот случај „Рекет“.

На евентуалниот состанок на Зоран Заев - Христијан Мицкоски, опозицијата повикува да се водат разговори за да се вградат принципите во законот, наместо да се заштитат поединците.

„Ние не сме тука да ги исполниме желбите на Заев, туку да разговараме за примената на принципите што ги нудиме. Ако имаме договор за законот, ние сме подготвени да разговараме за предвремени парламентарни избори кои се повеќе од неопходни “, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Заев најави средба меѓу него и Мицкоски, СДСМ вчера немаше одговор дали ќе има лидерска средба. Социјалдемократите ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека се обидува да го врати криминалот преку законски решенија.

Премиерот Заев пред неколку дена рече дека пред состанокот на Советот на Европа, власта и опозицијата треба да се договори за усвојување на Законот за јавно обвинителство. Според него, владата го гарантирала тоа што го бара меѓународната заедница повикувајќи се на случаите на СЈО. Заев исто така истакна дека предвремените избори не се потребни додека граѓаните не го забележат економскиот ефект од членството во НАТО и датумот за разговори во ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

ВО САРАЈ: Пожар во автосервис пеплоса четири возила

ВО САРАЈ: Пожар во автосервис пеплоса четири возила

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ПОРАНЕШНИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЉАНОВСКИ СЕ ПОТСЕТИ НА СЈО: Сподели комично видео, но со која порака?

ПОРАНЕШНИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЉАНОВСКИ СЕ ПОТСЕТИ НА СЈО: Сподели комично видео, но со која порака?

ЕВЕ КАКО Е НА МИХАЈЛОВО ДЕНОВИВЕ: Новоотворениот скијачки центар атракција за граѓаните, Јанчев се пофали на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО Е НА МИХАЈЛОВО ДЕНОВИВЕ: Новоотворениот скијачки центар атракција за граѓаните, Јанчев се пофали на социјалните мрежи

СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ ГРАДЕШЕ НАЈМАЛКУ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА, АКО ЗА ДИРЕКТОР НЕ БЕШЕ НАЗНАЧЕН КОЦЕ: Јакимовски вели, ред било да ги викнеа Бочварси и Николовски на отварањето

СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ ГРАДЕШЕ НАЈМАЛКУ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА, АКО ЗА ДИРЕКТОР НЕ БЕШЕ НАЗНАЧЕН КОЦЕ: Јакимовски вели, ред било да ги викнеа Бочварси и Николовски на отварањето