ПОРАНЕШНИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЉАНОВСКИ СЕ ПОТСЕТИ НА СЈО: Сподели комично видео, но со која порака?
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2025
СЈО пред неколку години ја тресеше македонската политичка сцена и некои од тогашните владини функционери, почнувајќи од Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска....
Деновиве, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, сподели видео од Златна бубамара на популарноста, кога пејачката Биба Додева ја глумеше специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Каква порака сака да испрати Вељаноски останува нејасно.
Да потсетиме, Катица Јанева беше осудена на 7 години затворска казна за случајот „Рекет“.