05 Мај, 2024
0.0278

Денот кога Трамп во Скопје го покажа средниот прст...

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Со денови, недели, со месеци уште од далечниот ноември, ја подгреваа јавноста дека успехот на трамповата администрација е успех за Груевски. Дека победата на Трамп е поразот на Бејли, дека триумфот на републиканците е пандан за триумфалистичките најави на десничарите во земјава. 

Навиваа за Трамп, се радуваа на пропаста на Клинтонови, мислеа дека нивната пропаст е спас за македонската фамилија. Што  постови, твитер и фејсбук статуси се изнапишаа, небаре Трамп си легнува и заспива со Македонија во мислите, со Иванов во срцето. Како Хорхе за Ердоган...

Па сега ќе го смени Бејли, па утре ќе си оди, па кривично го гонеле. И на Хојт Брајан Ји му ја видоа сметката. Жутиот е готов, кај и да е ќе го заменат со некој поубав, црн, црвен или бел сеедно. Што желба и надеж се вложи во трамповата администрација. Човек ќе помисли дека Груевци повеќе се израдуваа на победата на Трамп, од самиот Трамп.

Подзаборавија на неколку елементарни факти што ја поврзуваат Македонија и САД. Односот на најголемата светска сила не се менува зависно од желбите на некој од станарите во Белата куќа. Тој може да се менува зависно од интересите на Вашингтон, но никогаш драматично или со чекори што ќе донесат видлива промена. А интересите на Вашингтон на балканот се непроменети. Македонија е земја која што поскоро треба да стане дел од НАТО, а утре задутре да биде дел и од ЕУ. Тоа е таа трансатлантска оска која нема да се наруши на ниеден начин, а особено не ако Трамп и Путин си биле симпатични. Тоа може за по дома. 

Затоа очекувањата дека Америка ќе ја сврти својата политика во Македонија не беа реални. Особено не, што проруските и происточните сили во ВМРО ДПМНЕ,  негувани последниве години се повеќе добиваа на тежина, правопропорционално со растечката моќ на тоталитаризмот. Се потсмеваа на европските и западните вредности, кокетираа со Ердоган во Евроазија, со аѓутантите на Путин, правеа зделки со Кина.  Тоа е непростливата грешка на врвот на партијата, а зачинета со домашните гревови на запустената демократија веќе вчера ја испорачаа домашната задача за Иванов. Да го додели мандатот на лидерот на досегашната опозиција. Тој, Иванов, како што може да прочитаме од неговото соопштение ревносно ја прифати новата улога. Уште еднаш да биде пишман претседател, но неговата руинирана позиција и вака и онака не може да биде полоша. 

„Јас сум Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар и работам за Владата на САД. Владата на САД е сериозна организација и секој што прави нешто во владата е со претходно знаење и дозвола од нашите надредени и нашите шефови, во нашата влада нема анархија“ одговори Ји на новинарката на Сител која го праша помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји дали американскиот претседател Доналд Трамп знае и ја одобрил неговата посета во Скопје. 

Браво за Сител. За да немаат веќе дилеми фејсбук и твитер пишувачите. 

Груевски сега нема да може да му се налути на Иванов што други му ја преземаат марионетката од Водно. Може да му се налути само на Трамп, што овој среде Скопје, само 100 тина метри подолу од вилата на претседателот, во вилата на амбасадорот Џес Бејли, одбра фин начин да му покаже каде му е местото. 

(писмо од читател)
авторот е познат на редакцијата

Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско