15 Мај, 2024
0.0544

Денови на финансиска писменост 29-31 Мај 2019

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Јавен повик до сите заинтересирани граѓани да се јават или да ги посетат просториите на МАПАС и на пензиските друштва за да го прошират своето знаење за својот статус и своите пензиски средства

Од 29 до 31 мај годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на финансиска писменост, во кој период Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), пензиските друштва - КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВОАД Скопје и деловните соработници на пензиските друштва како финансиски институции во државата, уште повеќе ќе ги отворат своите врати за сите заинтересирани граѓани, спроведувајќи бројни информативно - едукативни средби.

МАПАС како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиска писменост заедно со пензиските друштва, упатува:

ЈАВЕН ПОВИК

до сите заинтересирани граѓани

да ги посетат просториите на МАПАС, напензиските друштва и деловните соработници на пензиските друштва, каде во текот на сите три дена од 29-31 мај 2019 година ќе има задолжено стручни лица кои ќе Ве информираат за измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осугурување по однос на:

дали по 01.01.2019 година Вие продолжувате да сте член во втор столб;

дали по 01.01.2019 година Вашето членство во втор столб престанало согласно измените на Законот и  Вие продолжувате да бидете член само во прв столб;

дали по 01.01.2019 година Вие имате право да изберете да продолжите да бидете член во втор столб, со потпишување на писмена Изјава или согласно измените на Законот Вашето членство ќе престане на 30.09.2019 година  и Вие ќе продолжувате да бидете член само во прв столб;

-  дали Вие како ново вработено лице по 01.01.2019 година сте член на втор столб и дали сте распределени во еден од  задолжителнитепензиски фондови;

- што се случува со Вашите средства при промена на статусот и

- проверка на состојбата на Вашата индивидуална сметка како член на втор столб.

МАПАС е регулаторна и супервизорска институција која во континуитет се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови иго поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.

Исто така МАПАС повеќе години наназад спроведува активности за финансиска едукација како членна Координациското тело на регулаторни институции за финансиска едукација и финансиска инклузија во РСМ со цел зголемување на свесноста на граѓаните за потребата од поголема финансиска едукација и знаење за пензискиот систем и своите права и обврски од капитално финансираното пензиско осигурување.

Контактирајте го МАПАС, пензиските друштва и  деловните соработници на пензиските друштва за да дознаете повеќе за Вашиот статус и Вашите пензиски средства.


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти