29 Април, 2024
0.0489

ДЕРКОСКИ: Сега не смееме, да помине вонредната состојба па ќе одлучуваме за кредитот од Светска банка

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber


Државната изборна комисија ќе треба да одлучи за кредитот од Светска банка од 90 милиони евра, за кој дополнителната заменичка во Финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, одбива да го стави својот потпис. 

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, за Фактор вели дека вакво барање од Владата кај нив се уште не е пристигнато, откако Владата вчера донесе одлука за ова прашање да биде побарано мислење од ДИК. 

„Со една претходна Уредба на Владата уште од март, ДИК не смее да држи седници и да одлучува. Така што, ние не можеме да одлучуваме се додека трае вонредната состојба“, објаснува Дерковски.

Како што е познато, вонредната состојба ќе заврши во сабота, а од Владата рекоа дека нема да се бара нејзино ново продолжување.

Тоа би значело дека веќе од понеделник, идната недела, ДИК ќе може да одлучи за ова прашање, односно да го даде своето мислење. 

„За вакви прашања рокот за ние да донесеме одлука е 24 часа. Така што, штом ќе го добиеме барањето од Влада, ќе седнеме, ќе разгледаме, и ќе ја донесеме одлуката“, вели Дерковски. 

Тој нагласува дека до ДИК се доставени и приговори за предвремено почнување на кампањата, но сега и за нив не може да се носат одлуки. А за овие приговори роковите се 72 часа.

Инаку, Владата на вчерашната седница го направила последниот обид да се одблокира потпишувањето на договорот со Светска Банка. Станува збор, велат, за поволен заем во висина од 90 милиони евра.

„Владата организираше расправа на која како гостин учествуваше и претставничката на нашата земја во Светска Банка, Нина Фити-Неделковска, која објасни дека одолговлекувањето на потпишувањето на договорот ја става во ризик долгодишната соработка меѓу банката и нашата земја, особено во делот на исклучително доброто искуство во финансиската поддршка на социјалните и општествено одговорните политики во последните неколку години“, се вели во вчерашното владино соопштение.

Од Владата велат и дека на седницата изнеле аргументи, дека е од исклучителен јавен интерес да се потпише овој поволен аранжман со Светската Банка, од кој тие 90 милиони евра ќе бидат наменети за зајакнување на капацитетите на здравството за справување со КОВИД-19, за набавка на медицинска опрема, за финансирање на придонесите за здравствено осигурување за невработените и за ранливите групи, за финансирање на привремената поддршка за невработените со обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места во кризата, за привремената социјална помош на посиромашните граѓани кои пред кризата не ги исполнувале условите, како и за поддршка за работниците што биле одјавени од нивните работодавачи и кои добиваат надоместоците од осигурување во случај на невработеност.

„Тие аргументи не беа доволни за дополнителната заменик-министерка за финансии Димитриеска-Кочовска. Со оваа своја постапка, да одбие да го потпише договорот за заемот од Светска Банка, дополнителната заменик-министерка за финансии Кочоска ги доведува во сериозен ризик реализацијата на овие иницијативи за зајакнување на здравството и за поддршката на социјално ранливите категории граѓани, сега посебно погодени од кризата“, соопштија од Владата.

Затоа, како што велат, донеле заклучок да биде побарано мислење од Државната изборна комисија, од аспект на членовите од Законот за Влада кои се однесуваат на изборот и на работењето на техничаката, односно преодната влада.

Сега практично, за овој кредит, конечниот збор ќе треба да го даде ДИК.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно