18 Мај, 2024
0.0299

Дерковски: ДИК е подготвена за избори, но прво треба да се одреди кога би бил изборниот ден

Објавено во: Македонија 25 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека Комисијата е подготвена да организира избори кога ќе биде потребно, но претходно, потенцира, треба да се утврди кога тие би се одржале.

Тој смета дека изборите треба да ги распише претседателот на Собранието Талат Џафери, но, оти претходно Уставниот суд треба да го поништи претходното решение за избори.

-Џафери треба да ги распише изборите, но, прво треба да се направи ситуација со која претходното решение ќе се стави вон сила. Мислам дека Уставниот суд треба да се произнесе за оваа ситуација и тој е единствено меродавен во оваа ситуација. Мое лично мислење е дека сите други постапки ќе не воведат во нови правни лавиринти кои ќе доведат до несакани пракси сега и во иднина, вели Дерковски во разговор за ТВ Телма.

Тој додава дека за технички подготовки, кампања и ажурирање на Избирачкиот список, потребни се околу 50 дена. Измени, вели, треба да претрпи и Избирачкиот список, кој се уште не е затворен, бидејќи во меѓувреме настанале промени во него.

-Има починати лица, лица кои наполнија 18 години, лица кои примиле државјанство. Има доста промени кои треба да се внесат.  И тој треба да им се даде повторно на увид на сите граѓани, рече Дерковски.

Но, како што потенцира, за да почнат да се преземаат изборни активности, и да се утврдуваат рокови, најпрво треба да се одреди дамумот на изборите, за да може ДИК наназад од тој датум да ги предвиди сите дејства кои треба да се завршат


Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување