05 Мај, 2024
0.0232

ДЕСЕТ ИЗБЕРЕНИ: Знаете ли каде во Европа е најдобар животниот стандард?

Објавено во: Стил 30 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Гласдор, водечкиот светски сајт кој помага при вработување, направи топ листа од европски земји според  животниот стандард.

На прво место е Швајцарија. Швајцариците многу заработуваат, а можат и многу да си дозволат. Просечен работник во градот може да си дозволи двојно повеќе отколку негов еквивалент во Њујорк.

На второ место е Данска, бидејќи трошковите за живот се значајно пониски од заработката. Следи Германија каде просечната плата е помала од околните земји на ЕУ, но куповната моќ на Германецот е многу висока.

Шведска, на четврто место, нуди ниски трошоци за превоз и храна во однос на платите, а на листата потоа следи и Холандија. И на Финците откако ги платат намирниците, станот и сметките им остане пристоен износ, пренесува Гласдор што оваа земја ја става на 6 место на листата.

Норвешка има високи примања, но и голем дел од просечно 61 000 долари годишно одат на трошоците за живот. Високата куповна моќ во Ирска ја ставила на 8 место на оваа листа, додека на девето е Австрија со поамли тропкови за станови, и просечен износ на плата и куповна моќ за ЕУ.

На дното на „десеторката“ е Британија, каде, иако заработуваат просечно 41 000 евра годишно, животот е многу скап.