ДЕСЕТИЦИ ПОЖАРИ: Гори и Лапонија
Објавено во: Свет 21 Јули, 2018
Шведска побара меѓународна помош и за скоро целата земја издаде предупредување за опасност од пожар.
Пожарите стигнаа на север сè до Арктичкиот круг, од кои 44 горат во Лапонија на крајниот север и се проширија до јужниот остров Готланд.
Европска комисија објави дека ќе испрати дополнителна помош во Шведска, која со денови се бори со десетици пожари, што зафаќа површина од илјадници хектари.
Италија и Франција испратија канадери, а помош на Шведска ветија и Литванија, Германија, Полска и Данска.
„Европската Унија е со шведската влада и со шведскиот народ. Ова е солидарност на дело“- вели европскиот комесар за менаџирање со хуманитарна помош и кризи, Христос Стилијанидес.
Шефот на цивилната заштита на Шведска Дан Елијасон ги опиша пожарите како една од најтешките ситуации со кои државата досега се соочила, и вели дека мора да ги спречат да се шират.