08 Мај, 2024
0.0301

Дескоска до Груевски: Вратата на мојот кабинет е отворена, го поканувам да дојде

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерката за правда Рената Дескоска на Фејсбук му одговори на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија каде доби политички азил, откако тој побара од неа да даде докази кои фирми тој ги презел со присила или без. 

Таа му порача да дојде, затоа што вратата му е отворена. 

„Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде“, напиша Дескоска.


Груевски вчера реагираше на Фејсбук, и ја обвини Дескоска дека мора да знае што зборува, инаку народот нема да ја сфати сериозно. 

Бараше од неа да изнесе докази и веднаш да ја конфискува фирмата ако на таков начин е преземена. 

Во ноември 2018 година Груевски избега во Унгарија каде доби политички азил од тамошните власти откако требаше да одлежи 2-годишна затворска казна во Македонија за случајот „Тенк“ на СЈО, односно за набавка на скапиот Мерцедес. 

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија