04 Мај, 2024
0.0260

Детали за пожарот во кој изгореа над 40 деца

Објавено во: Свет 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Судот во сибирскиот град Кемерово денеска одреди двомесечен притвор за Надежда Судјонок, закупец на трговскиот центар каде во пожар загинаа 64 луѓе, меѓу кои 41 дете.

Таа е обвинета дека не ги исполнила неопходните безбедносни мерки, а ќе биде во притвор до 25 мај.

Судот по сослушувањето ќе одреди дали ќе досуди притвор за уште четворица приведени, меѓу кои и техничкиот директор на компанијата, сопственик на трговскиот центар Александар Никитин и задолженото лице за одржување на противпожарниот аларм, Игор Положињенко.

На сослушување е и Сергеј Антјушин за кого истражителите претпоставуваат дека не го вклучил противпожарниот аларм.

Во Кемерово денеска се погребуваат жртвите, а претходно имаше комеморации во три градски цркви.

Претседателот Владимир Путин денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, а знамињата се спуштени на половина копја, додека забавните манифестации се откажани ширум регионот.

Путин при вчерашната посетата на местото на несреќата изјави дека „криминалната негрижа“ е една од причините за пожарот, додека претседавачот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на состанокот со кој претседаваше рускиот претседател изјави дека не работел противпожарниот апарат во трговскиот центар.

Истражителите велат дека причина за пожарот е неисправна електрична инсталација, а бројот на жртвите е голем затоа што излезите за вонредни ситуации биле заклучени и тоа ја отежнало евакуацијата.

По пожарот повеќе стотини граѓани протестираа во Кемерово барајќи одговорност за несреќата.

Огнот се прошири од четвртиот, највисокиот кат на трговскиот центар каде беа  кино салите, куглана и зафати околу 1.600 метри квадратни. На видео снимките што беа објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето скокаат од прозорци за да се спасат од огнот.

Претставникот на локалната власт, Владимир Чернов изјави дека пожарот можеби е предизвикан од дете кое имало запалка.

Во Русија пожарите често завршуваат со голем број жртви.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“