Детенце испаднало од автомобил во движење - тешко повредено
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2016
Од возило во движење вчера во 19,30 часот испаднало петгодишно дете и добило тешки повреди.
Возилото „рено трафик“ било управувано од Р.С. (35), а несреќата се случила на улицата „Втора македонска бригада“ кога детето од задната десна страна од возилото испаднало. Лекарска помош му била укажана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде детето било задржано на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.