09 Мај, 2024
0.0253

Дeвет општини ќе добијат 558,000 УСД како дел од швајцарската програма за јакнење на локалната демократија

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Зајакнувањето на општинските совети и подобрувањето на системот на локалната самоуправа беше централна тема на денешната работилница на која присуствуваа повеќе од 60 претседатели на општински совети.

На настанот, организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), беше објавен и јавниот повик за учество на дополнителни9 општини во проектот „Зајакнување на општинските совети“. Во него веќе се вклучени 15 општини: Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово, Велес, Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци и Могила.

Општините кои ќе бидат избрани ќе добијат обуки кои што ќе им помогнат на општинските советници поефективно да ги надгледуваат локалните буџети и директно да комуницираат со граѓаните при утврдување на приоритетите за трошење на буџетски средства на општината.

На овој начин, проектот има за цел да ја зајакне позицијата на општинските совети во демократското носење одлуки на локално ниво, каде што традиционално градоначалниците имаат доминантна улога, и да се осигура дека секој општински денар е потрошен ефикасно и транспарентно.

Досега, над 200 советници од 15 општини успешно ги комплетираа обуките во 11 области од локалната самоуправа кои се во надлежност на општинските совети.

Општинските совети кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат по 62,000 УСД за проекти од јавен интерес кои се утврдени како приоритетни од страна на граѓаните. Токму низ оваа поддршка веќе се реализираат вкупно шест проекти во исто толку општини насочени кон подобрување на социјалните услуги наменети за граѓаните.

Во општините Свети Николе и Струмица се реконструираат детски градинки, додека пак во општина Велес се олеснува пристапот за лицата со попреченост до локалните институции, училиштата и улиците. Истовремено, во општина Валандово се воспоставуваат ИКТ лаборатории, а во општините Охрид и Чаир се олеснува пристапот на лицата со попреченост до општината, институциите и просториите во општинската зграда. Дополнително пак, во општина Чаир, се реализира и проект со кој ќе се подобрат пристапот и условите за настава на децата со попреченост во неколку основни училишта.

Зајакнувањето на општинските совети е проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 3.4 милиони швајцарски франци кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“