18 Мај, 2024
0.0329

ДЕВОЈКАТА ИМА САМО 17 ГОДИНИ, НО ДОБИ КАЗНА ОД 10, ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ДЕЦА - тетовскиот суд ја донесе пресудата

Објавено во: Македонија 14 Март, 2023

Добивај вести на Viber

За убиството на 16 годишното момче што се случи во декември 2022 година Основниот суд Тетово денеска изрече казна затвор од десет години за 17 годишното девојче, информираа од канцеларијата за односи со јавност на тетовскиот суд.

Девојката од тетовското село Рогле е осудена за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

„Основниот суд Тетово денес донесе пресуда за настанот случен на ден 21.12.2022 на место викано Бањиче, во кој лишен од живот е детето Б.Х на возраст од 16 години, а за кој настан постапката се водеше спрема дете во судир со законот на возраст од 17 годни за кривично дело Убиство по член 123 став 2 т1 од Кривичен законик. Судот донесе пресуда со која детето во судир со закон е огласено за виновно и изречена му е казна затвор за деца во траење од 10 години“, се вели во соопштението на тетовскиот суд.

На 22 декември 2022 полицијата безживотното тело на 16 годишното момче од Ново село, Општина Желино беше најдено во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. Сега веќе осуденото 17 годишно девојче беше приведено наредниот ден, по што и беше определен и притвор. Убиство по член 123 став 2 точка 1 според Кривичниот законик претставува Квалификуван облик на убиство-Убиство на свиреп начин.

Затворската казна од 10 години девојката ќе ја отслужува во затвор за деца.

Истражителите утврдија дека девојаката по вербална расправија во автомобил, со предмет го удрила оштетениот во главата неколкупати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност