ДЕВОЈКАТА НЕ ЈА ИЗДРЖА БИТКАТА: Трагедијата кај Ласкарци зацрни уште едно семејство
Објавено во: Македонија 21 Март, 2019
Уште едно семејство е завиено во црно. Тажна вест излезе од скопските клиники каде скоро месец дена лежеше 19 годишна девојка која на 13 февруари беше во кобниот автобус на Дурмо Турс кој излета од патот и се преврте. Почина и таа борејќи се за живот по ампутираната нога. Жртвите станаа 16 на број.
Во притвор надлежните органи ставија шест лица.
Истрагата покажа дека тие манипулирале со тахографот да покажува помала брзина и помало „работно време“ на автобусот, а неисправните сопирачки ги прикажувале дека работат. Во моментот на несреќата автобусот возел со 99 километри на час, а дозволено било 80 на патот Тетово - Скопје.
Сопственикот и управителот на Дурмо турс не го организирал превозот согласно законските прописи. Раководителот е приведен поради манипулации со тахографот и така овозможиле автобусот секојдневно да превезува патници . Осомничени се и тројца кои се грижеле технички за автомобилот. Последниот преглед бил извршен во декември 2018-та. Сопирачките не биле исправни упте на претходниот преглед во јуни, а во декември издале документација дека е исправен иако знаеле дека сопирачките на работат како што треба. Возачот го управувал автобусот со 99 километри и го манипулирал тахографот да покажува помала брзина.