Девојки му изнудувале пари: Како Скопјанец ги намести во притвор оние кои му се закануваа по живот
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019
Сериозни закани по живот трпел скопски граѓани на кој две девојки и лица од Скопје му се закажувале и се обидувале да изнудат илјадници денари од него.
Денеска притворот на осомничените за рекет е продолжен од страна на скопското обвинителство.
Имено, според информациите на надлежните, осомничените со умисла се обиделе да го присила оштетениот да им даде 10 000 евра а и му упатиле сериозни закани по животот.
„Обвинетите неколку дена претходно телефонски го контактирале оштетениот и го принудиле на средба на која агресивно се однесувале и упатувале закани по неговиот и по животот на членовите на неговото семејство, барајќи да им исплати 10.000 евра“, соопштуваат од ОЈО од каде додаваат дека оштетениот ги изграл на тој начин што се согласил на она што го барале , да се сретнат во трговски центар каде ќе им ги даде парите но сепак тој се тоа го пријавил во полиција од каде му биле даде обележани банкноти..
Како што информираат од ОЈО на оштетениот му се пристапил еден од обвинетите, додека другите го чекале во близина ама во тој момент ги забележал полициските службеници задолжени за безбедноста на оштетениот, почнал да бега и заминал во непознат правец.