Џихадистите зготвиле шест шпиони
Објавено во: Свет 16 Август, 2016
Терористите од групата „Исламска држава“ зготвија шест луѓе затоа што сметаат дека ги шпионирале.
Тие ги фрлиле луѓето во буре со врел катран, а како што пренесуваат медиумите ова се случило во Ал Шори во Ирак. „Шпионите“ биле од градот Мосул, а новодно работеле за ирачката влада. Припадниците на „Исламска држава“ од своето основање предавниците ги убиваат јавно со измачување.
Предавниците ги убиваат така што ги варат, припадниците на ЛГБТ заедницата ги фрлаат од покриви на згради, а често убиваат и невини луѓе на кои им ги сечат главите.