15 Мај, 2024
0.0268

ДИЕТА СО ЛУБЕНИЦА: За пет дена тело спремно за плажа!

Објавено во: Стил 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Лубеницата поради високиот процент на вода и скромна калориска вредност од само 20 калории на 100 грама како и поради освежувањето кое го нуди на организмот, на многумина им е најдрага намирница во летните месеци.

Поради витамините А, Ц и Б6, минералите на калиум со кои обилува, диетата со лубеница нема да го осиромаши вашиот дневен внес на потреби на организмот, а нејзиното диуретичко дејство ќе се погрижи во организмот да се спречи задржувањето на вишокот вода.

Токму летото е период кога најмногу сме чуствителни на килограми изгледот на своето тело, бидејќи целата „непослушност“ во исхраната и начин на живот тогаш доаѓаат на видело. Ако сакате да ослабнете неколку килограми пред да облечете костим за капење за неколку дена или некоја недела, во тоа ќе ви помогне редовно движење, пливање или било која друга физичка активност - и диета со лубеница.

Доручекот е ист секое утро: Едно парче лубеница, 50 грама тост, шолја (изладен) чај.

Секој ден пијте по 12 чаши вода, чај или свеж цеден овошен сок.

1. Ден

Ручек: 100 грама готвено говедско, 100 грама готвен пиринч со сос од домат, парче лубеница.

Вечера: 50 грама сирење, 1 парче тост, лубеница по желба

2. Ден

Ручек: парче тост, 50 грама готвени пилешки прсти, 1 парче лубеница

Вечера: 100 грама готвена риба, 1 парче тост, 1 парче лубеница

3.Ден

Ручек:  30 грама шпагети со сирење и домат, лубеница по желба

Вечера: мешана салата од домати, краставица, пиперки, кромид и зелена салата, 1 парче лубеница

4.Ден

Ручек: Чорба од зеленчук, 1 парче тост, 50 грама готвено пилешко, 1 парче лубеница

Вечера: 2 готвени компири со пармеџан, лубеница по желба

5. Ден

Ручек: 50 грама готвено говедско со шампињони, лубеница по желба

Вечера: 50 грама свежо сирење. 2 парчиња тост, лубеница по желба.