18 Мај, 2024
0.0267

Диета за намалување на холестеролот!

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Не сте задоволни со својата линија, но лекарот сепак ви советува да го промените режимот на исхарана? Немојте тоа да ве збуни, бидејќи крвната слика може да говори многу за вашето здравје отколку одразот во огледало.

Во медицинските кругови се почесто се говори за „диета за здраво срце“ позната и под името „терапевска промена на начинот на исхарана“.

Оваа диета е конципирана во рамки на Националниот образовен програм за холестерол, а ја одобрила Американската асоцијација за заштита на здравјето на срцето. Целта на диетата е да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, а е ориентирана е на намалување на холестеролот во крвта.

Диетата се сведува на тоа да од исхраната ги исфрлите намирниците кои содржат заситени масти и кои допринесуваат до созадавање на лош холестерол, па со тоа зголемувањето на ризикот од срцев удар и мозочен удар.

Забележано е исто така, дека оваа диета може да доведе и до слабеење, но тоа зависи и од бројот на калории а не само содржината на јадења на вашето мени.

На самиот почеток, потребно е да одлучите колку ќе изнесува вашето максимално внесување на калории на дневно ниво. Доколку сами сакате да го намалите лошиот холестерол за мажите се дозволени 2500 а за жените 1800 калории дневно. Ако сепак со тоа сакате да изгубите и неколку килограми, мажите би требало да го ограничат дневното внесување на калории на 1800 а жените на 1500.

Имајте на ум дека бројот на калории кои ќе ги внесете е исклучително важен за вашето здравје, и не смеете драстично да ја намалите таа количина. Вкупно 25-30 отсто од калориите кои ги внесувате мора да ги сочинуваат масти, а нека дневниот процент заситени масти биде помал од 7 одсто во рамки на вкупната исхрана.

Што значи тоа во пракса? Треба да јадете помалку полномасни млечни производи, на пр. путер, но и масни месни преработки како салама. Не смеете да конзумирате повеќе од 200 милиграми лош холестерол дневно, додека внесот на натриум е ограничен на 2400 милиграма. Со оваа диета мора редовно да се практикува и физичка активност и тоа најмалку 30 минути дневно.

Ако се решите за оваа диета, ќе јадете доста овошје и зеленчук, интегрални житарки, нискокалорични и некалорични млечни производи, риба . Како ќе ги комбинирате и спремате овие намирници е ваш избор.