Димитар Апасиев против можноста Шилегов да биде министер: Народот му даде шут-карта
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021
Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, смета дека политички не е исправно поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, да биде нов министер за транспорт и врски во ситуација кога ги загубил локалните избори.
„Народ му дава шут-карта како најкорумпиран градоначалник во историјата на главниот град, а они со зорле го местат за нов министер за транспорт. И после ти викаат: "Го слушаме гласот на народот"!?“, реагираше пратеникот на Фејсбук.
Најновите информации велат дека министерот за правда Бојан Маричиќ зќе биде вицепремиер за евроинтеграции на местото на Никола Димитров, а Шилегов би го заменил Благој Бочварски. Министерска функција се бара и за Сања Лукаревска, директорката на УЈП.