Димитриевски: Бучковски е лапсус, Црвенковски никогаш нема да се откаже од СДСМ и од Македонија

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2020
Македонија направи грешка со изборот на Владо Бучковски за специјален претставник во спорот со Бугарија, рече вечерва Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, член на Централниот одбор на СДСМ во дневникот на Сител. Тој смета дека е разбирлив потегот на Бранко Црвенковски кој реагираше по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС.
„Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види неговото интервју за ТВ Европа кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров. Таму многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека тој нема да даде придонес во равојот на наметнатите проблеми, рече Димитриевски.
Вели дека на ваков начин се прави самонегација и Владата требала да го има ставот на професорот Бучковски предвид при назначувањето.
Димитриевски вели дека во моментов се дискутира нешто што е непобитен факт. Вели дека нема простор за преговори за идентитет, ниту пак за Гоце Делчев кој се родил, живеел и се борел за Македонија.
„Лесно е да се правите силен на послабиот, но верувам дека ќе изнајдеме начин да го надминеме тоа, рече Димитриевски.
Прашан за потегот на Црвенковски рече дека тоа е разбирливо.
„Црвенковски може да се откаже од се, само не од Македонија и СДСМ, рече Димитриевски.
На прашањето дали Заев може да се откаже, тој рече дека гледа дека и кај премиерот има омекнување и корекција на ставовите бидејќи, како што рече, првичните ставови изјавени за БГНЕС не кореспондирале со она што е суштински во нашата држава.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
