26 Април, 2024
0.0341

Димитров: Македонија е важна за стабилноста на Регионот

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Република Естонија Свен Миксер (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), денес министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров учествуваше на Неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа во Талин.

Дискусиите на состанокот беа фокусирани на спречувањето и борбата против радикализацијата и насилниот екстремизам, како заеднички безбедносни предизвици за земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.

Министерот Димитров подвлече дека Република Македонија и земјите од регионот ги споделуваат истите заеднички предизвици со ЕУ во однос на радикализацијата, насилниот екстремизам и тероризмот. “Интеграцијата на нашиот регион во ЕУ е исклучително важна за безбедноста на Европа. Насилниот екстремизам, радикализам и тероризам не познава граници. Затоа, нашиот заеднички одговор мора да биде единствен и целосно координиран”, истакна министерот Димитров, што беше прифатено и поздравено од другите учесници на дискусијата. Конечно, Министерот ја подвлече важната улогата на Македонија за стабилноста на регионот, која преку глобалната коалиција во борбата против тероризмот и споделувањето на одговорностите со земјите-членки на НАТО и ЕУ придонесува во глобалниот мир и стабилност.

На маргините на состанокот на GYMNICH, министерот Димитров оствари билатерална средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која Министерот го запозна Еврокомесарот за досега постигнатото во првите 100 дена од Владата на Република Македонија, кој пак го поздрави напредокот и даде поддршка на процесот, како и на европските чекори и добрососедството на новата надворешна политика. Исто така, на покана на заменик министерот на Естонија надлежен за ЕУ прашања, Мати Масикас, Министерот учествуваше и на работниот ручек со земјите-кандидати, на кој се дискутираше за политиката на ЕУ за проширувањето и статусот на реформи во земјите кандидати. Во духот на неформалниот карактер на состанокот, тој меѓу другите, оствари разговори и со колегите од Бугарија, Грција, Холандија, Велика Британија и Словенија.

Министерот Димитров изрази благодарност на Естонското претседателство за поддршката кон политиката на ЕУ за проширувањето, додавајќи дека оваа политика на Унијата треба да се смета како комплементарно средство на нејзината безбедносна политика и ја реафирмира заложбата на Македонија за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите, со цел отворање на патот кон отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?