Димитров: Се надеваме да ги започнеме преговорите со ЕУ следната година
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2017
Имам убава приказна да им кажам на министрите за оптимистичкиот момент на Македонија, се надеваме да ги почнеме пристапните преговори следната година, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров при пристигнувањето на неформалниот министерски состанок во Талин, Естонија.
„Се надеваме да ги започнеме преговорите со ЕУ во следната година, година и пол, и тука сум да ги убедам дека тоа е во интерес и на Европа“- вели Димитров.
На покана од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер, Димитров присуствуваше на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство.