Дипломатската војна меѓу Србија и Македонија топ тема во регионот
Објавено во: Македонија, Балкан 21 Август, 2017
„Дипломатска криза на Балканот поради Косово“, пишува бугарската Нова Тв за најновите случувања на релација Скопје - Белград.
Соседски тензии: Србија ја напушта амбасадата во Скопје, најверојатно поради Косово, наведува телевизијата и ги анализира хронолошки односите меѓу двете земји.
Слично известува и Спутник.
„Заев ја сврте плочата, пред три месеци беше „неутрален“ околу Косово“, пишува Б92.
За оваа тема српските медиуми одвоија простор. Се пренесуваат изјавите на нивите челници Ивица Дачиќ, Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ, но и Вук Јеремиќ кој е против повлекувањето на дипломатите.
„Превртлив став на Заев за членството на Косово во УНЕСКО“, пишува српски телеграф.
„Повторно врие на Балканот, Вучиќ ги повлече српските дипломати од Скопје“, наведува Слободна Далмација.
„Дипломатска војна на југот од Балканот: Со што Скопје го разбесни Белград“, пишува Слободна Босна.