18 Мај, 2024
0.0246

Дипломирани педагози се грижат за дечињата во игротека “Бајка”

Објавено во: Стил 26 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Најзабавното место за најмалите во градот, игротека “Бајка” при Спортскиот Центар Јане Сандански, е вистински креативен рај за децата. Игротека “Бајка” изобилува со најразлични играчки и реквизити како мали фудбалчиња, трамполина, базен со топчиња, автомобили, замок и уште многу други кои ги задоволуваат високите стандарди за безбедност пред се’.

IMG_2662 (4)

Игротека “Бајка”, освен со својата голема опременост, може да се пофали и со внимателно одбраните негувателки кои се грижат за вашите деца. Секоја од нив е дипломиран педагог што дополнително придонесува за нивниот внимателен однос кон децата, воедно да се посвети посебно внимание на секое дете, и да го направат нивниот престој забавен. Нивните креативни идеи им овозможуваат на сите деца да ја развиваат својата фантазија и креативност, да се забавуваат и да го направат сонот на секое дете да стане реалност.

Во оваа игротека извонредните негувателки подготвуваат секоја недела различна програма која им овозможува на децата забава и развивање на имагинацијата. Креирање мозаици, цртање, изработување на различни креативни предмети, пеење, глума и уште многу други активности се дел од неделните програми.

IMG_2602 (1) (1)

Ги покануваме сите дечиња да дојдат и да се забавуваат со нас, а родителите да уживаат на терасата од игротеката во пријатна атмосфера и поглед кон Паркот на езерата. Вашите деца и нивните желби и безбедност се на прво место во игротека “Бајка”.