02 Мај, 2024
0.0267

Директорот на „Маслодајна“: Имаме пари, ќе го откупиме целиот сончоглед, но цената на зејтинот нема да се намали

Објавено во: Финансии 20 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Директорот на велешки „Маслодајна“, Горан Лазов, денеска пред медиумите рече дека компанијата има пари и дека ќе го откупи целокупното произвдоство на сончоглед кое се очекува да биде поголемо со новите владини мерки кои беа превземени изминатиот период.

- Нашата компанија е единствена која произведува масло за јадење од сончоглед, односно без да набави сурово масло. Имаме капацитет за 40.000 тони сончоглед, но за ќал, поради малите површини,  лани купивме помалку од 4.00 тони сончолед. Дел увезуваме од Србија и Бугарија  и работиме со капацитет од 15 отсто. Јас како прв директор би бил среќен кога би се вратил соногледот на нашите полиња. Ќе биде бенефит и за државата и едноставен за работа за земјоделците. Оваа година сум среќен што се зголемува интересот. Велешка Маслодајна има капацитет за 40.000 тони сончоглед да преработиме и резервоари за 16.000 тони сурово масло. Ние ќе го откупиме целокупното производство колкаво и да е. Тоа е платено секогаш на време како компанија , изјави првиот човек на велешка Маслодајна која го произведува брендот „Кристал“,

Директорот на најголемиот и најзначаен производител на зејтин во Македонија сепак вели дека во иднина овој производ нема да поевтини и ќе остане на цена од две до две и пол евра.

- Во блиска иднина маслото за јадење ќе поскапува а не да биде колку две води. Затоа треба многу малку да зависиме од увоз на овие култури. 2.000 евра по тон е суровото масло. Мислам дека маслото за јадење од 2 евра до 2,5 евра ќе истане по таа цена и со новата реколта ќе се задржи таа цена. Нема да има драстични промени, освен тоа што по празникот цената ќе се стабилизира на тоа ниво. 

И со наредната реколта, оваа криза ќе потрае, нема брзо да заврши војната во Украина, дури и да заврши површините ќе треба да се посеат. Затоа треба уште повеќе да обезбедиме домашна суровина. Ние сме спремни да платиме и да откупиме се. Се помалце ќе бидеме зависни и ќе имаме помал одлив на девизи, подвлече Лазов.





Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција