03 Мај, 2024
0.0275

До скоро Македонците се задолжувале, сега заштедувале

Објавено во: Финансии 27 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Македонските домаќинства лани статистички имале на располагање 6,600 евра за цела година, а потрошиле 5,851 евра. Им останале вкупно 742 евра. Ова го покажува публикацијата на Државниот завод за статистика за потрошувачката на домаќинства во минатата година, според која ако до пред некоја година семејствата беа во недостаток од пари, сега статистички дури им останале.

Податоците покажуваат дека од вкупните просечни 405,487 денари колку што пресметала статистиката дека во просек располагале домаќинствата, 255.762 денари биле од редовен работен однос, а останатите од пензии, од странство, од земјоделство, од позајмици.

Граѓаните трошеле најмногу на храна, 136.118 денари годишно во просек за четиричлено домаќинство. Потоа за комунали, здравство, облека. Статистички дури им останале и 13.732 денари за штедење.

Анализата на податоците покажува дека од основните намирници за живот, во однос на претходните години се зголемиле набавените количини леб и чоколада, а паднала таа на месо, млеко. Граѓаните штеделе и на овошје и зеленчук.

Така ако едно четиричлено домаќинство  во 2016 година потрошио  264,6 килограми леб, лани изело за 7,5 килограми повеќе или вкупно 272,2 килограми.  Ласни изеле 26,3 килограми чоколади и кекс, а претходната година за 5 килограми помалкиу или вкупно 21,8 килкограми. Граѓаните испиле и за 7 литрипомалку млеко или вкупно 125,6 литри за разлика од претходнатагодина кога испиле 132,8 литри.

Статистиката покажува дека паѓаат и количините на овошје и зеленчук кои домаќинствата лани ги набавиле. Така лани изеле  103,1 килограм компир или за 6,7 килограми помалку од претходната година.  За 7 килограми помалку пиперки или 65,4 килограми наспроти 72,2 килограми во 2016 година. Паѓала и количината на овошје, па така македонските семејства лани излеле за 9 килограми помалку јаболка и за 8 килограми помалку тропско овошје.

Податоците покажуваат дека штеделе и на месо, па лани изеле за 5 килограми помалку свинско месо, или вкупно 22,1 килограм лани, за разлика од 2016 година кога набавиле вкупно 27 килограми.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата