15 Мај, 2024
0.0716

ДОАЃА ПОСТУДЕН ВОЗДУШЕН БРАН: Ќе има локални врнежи, а потоа и појава на утрински мразеви

Објавено во: Македонија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Кон крајот на денов, а особено во текот на ноќта облачноста во земјава и регионот ќе се зголемува, што според метеопрогнозерот Славчо Поповски ќе резултира со локални врнежи од дожд во текот на утрешниот ден, но и снег на планините. 

- Во текот на утрешниот ден ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што од север ќе започне спуштање на постудена воздушна маса. Повремено ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час, особено Долж Повардарието. 

Ветерот ќе продолжи и во текот на ноќта кон среда, кога ќе започне и разведрување и повлекувње на облачноста во Македонија. Токму поради разведрувањето, и стабилизирањето на времето, во среда и во четврток на повеќе места низ Македонија се очекува појава на утрински мраз, кој секако особено лошо ќе влијае врз веќе расцветаните овошки. 

Температурите во среда и во четврток во утринските часови ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, а на високите планински места тие ќе се спуштат дури и под - 5 степени - пишува Поповски на социјалните мрежи. 



Воедно посочи дека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, а најсвежо преку ден ќе биде утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени. 

 Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со повремен локален дожд во текот на утрешниот ден и со засилен ветер од северен правец.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“