„Доаѓа воен злосторник, да позира како добротвор“, напишаа Албанците на хотелот каде ќе престојува Вучиќ
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2019
Во Тирана денеска се одржаа протести поради доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави Б92.
Пред хотелот каде треба да престојува Вучиќ поставен е транспарент со натпис „Тука доаѓа воен злосторник, да позира како добротвор“.
Српскиот претседател утре и задутре тој ќе престојува во албанската престолнина, каде ќе учествува на самитот за „мини Шенген“.
Бидејќи Драч беше погоден од земјотрес, средбата ќе се одржи во Тирана.Албанскиот премиер Еди Рама најави дека на состанокот би требало да дојде и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел.
Пред еден месец на средбата во Охрид, е постигнат договор се кој се започнува реализацијата на иницијативата „мини Шенген“, со цел да се унапреди инвестициското опкружување во земјите вклучени во иницијативата. Претходно, средба имаше и во Нови Сад.
Вучиќ ја поттикна иницијативата за отстранување на пречките за проток на производи, услуги, луѓе и капитал.
Косово покажа незадоволство затоа што Албанија се вклучува во иницијатива која ја поттикна Србија. Косовскиот претседател Хашим Тачи ја одби поканата на албанскиот премиер Рама да се приклучи на балканската верзија на Шенген-соработката иницирана од Албанија, Северна Македонија и Србија. Тачи кажа дека не може да се приклучи на иницијативата поради српската политика против државноста на Косово.
На почетокот на мај годинава, албанските граѓани протестираа против доаѓањето на Вучиќ и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик на самит во Тирана.